Кога ќе се спомене бројот седум и тимот на Манчестер Јунајтед веднаш истиот асоцира на Дејвид Бекам, на Кристијано Роналдо, на Ерик Кантона. Следниот кој ќе треба да ги пополни „тие чевли“ тешки „планина“ е најновото засилување на тимот од Олд Трафорд, Мејсон Маунт.
Сега веќе екс играчот на Челзи, пристигна во Јунајтед и е претставен како следното големо име на овој клуб.
Англискиот репрезентативец веќе ги мина лекарските прегледи и во следните неколку дена би требало и да дебитира за неговиот нов клуб.