Машката одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години денеска во Тирана започнува со настап на Балканското првенство.
Пионерите вчера допатуваа во Тирана и вечерва од 20.30 часот ќе го имаат првиот меч од групната фаза против домашната репрезентација на Албанија. Македонските одбојкари до 17 години се предводени од селекторот Ванче Санев, а на списокот на негови избраници се најдоа 14 одбојкари: Јован Лука Глигоров, Филип Петрушевски, Алек Спасовски, Јован Милев, Михаил Радевски, Давид Николов, Дарко Жабев, Лука Ристоски, Иван Иванов, Владимир Диневски, Тоше Ефремов, Дамјан Јовановски, Дамјан Миневски и Семих Кадиров.
Покрај селекцијата на Албанија, во групата „А“ заедно со Македонија се и селекциите на Србија и Турција.