Некогашниот “пират“ Рашид Содик за уште посилен Работнички! (ФОТО)

516

И дефинитивно Работнички не се шегува во овој преоден рок. Имено вечерва клубот од Деба Маало се пофали дека успеал да го донесе Рашид Содик, Нигериецот кој до пред некој ден беше дел од одбраната на Скопје. Се разбира дека ова за аши услови е големо засилување за тимот на Работнички.May be an image of 1 person, playing soccer, playing football and text

Интересно е тоа што пред некој месец, токму Рашид за медиумите во Нигерија, изјавуваше дека негова амбиција е да заигра во некој од европските гиганти, но засега мора да се задоволи со Работнички.

А, во иднина, којзнае…

Кога пристигна понудата од Работнички воопшто не се двоумев, веднаш ја прифатив. Чест е да се игра за овој клуб.Се надевам дека ќе го дадам својот придонес во остварување на амбициите на мојот нов клуб“ изјави Рашид Содик, новото засилување на Работнички.

 

ПретходноУжас: Млад бразилски фудбалер кој исчезна пред 10 дена, пронајден е распарчен и без глава!
СледноСензационално: Азар покрај Меси во нападот на Интер Мајами?!