Откако минатата недела беше објавен судијата за првиот меч на шампионот Струга ТЛ во Лигата на шампионите, УЕФА веќе ги потврди и судиите кои ќе им судат на преостанатите три македонски евро-преставници во Конференциската лига.
Првиот меч на Македонија ЃП против екипата на РФС од Рига (Летонија) кој ќе се одигра следниот четврток во Скопје на теренот на ФФМ, ќе го суди данскиот судија Микел Редер, заедно со неговите асистенти Дениз Јурдакул и Рене Рисум.
Шкупи за гостувањето во Литванија кај екипата на Хегелман доби судиска четворка од Кипар. Главен судија на средбата во Каунас ќе биде Менелаос Антониу, а ќе му асистираат и Мариос Калагиру и Омирос Циорцис.
Главен на центарот во Скопје на Националната Арена „Тодор Проески“ за дуелот меѓу екипите на Шкендија и Хаверфордвест ќе биде Холанѓанецот Јоел Коиј. Нему ќе му помагаат Рој де Нас и Патрик Иниа, исто так аод Холандија.