Македонските јуниорки без победа го затворија првиот дел од првеството во Софија, Данска славеше со 73:40 благодарение на подобрата игра во второто полувреме.
Нашите кошаркарки добро почнаа, поведоа со 13-11, но по истекот на првата четвртина противникот дојде на 13-14.
До пред одморот Македонија добро им парираше на Данска, која пред одморот со серија од пет поени по првото полувреме поведе со (31:24). Слабата реализација во нападот по три одиграни четвртини донесе негатива од 33:47.
Ана Милованова имаше свои добри моменти во првото полувреме во кое реализираше десет од своите 11. поени. Во второто полувреме поентерски добро одигра и Милица Николиќ, која со 14. реализации беше нашиот прв поентер на оваа средба
По овој пораз нашата селекција ќе бори за пласман од 9. до 18. позиција на табелата.