Францускиот шампион Пари Сен Жермен и тренерот Криштоф Галтие се договорија да ја прекинат соработката. Како што потврдија бројни францускиизвори утринава, соработката е прекината со заедничка согласност, една година пред истекот на договорот на Галтие, објави Франс прес.
Поранешниот тренер на Сент Етјен, Лил и Ница го напушта тимот од Париз по само една сезона, во која го освои францускиот шампионат, но доживеа и неуспеси во Купот на Франција и Лигата на шампионите. На клупата на ПСЖ најверојатно ќе биде заменет од поранешниот шпански селектор Луис Енрике, а потврда се очекува во текот на денот.