Промоција: Спировски е ново име во кипарски Етникос Ахна!

217

 

Откако заврши со одисејата во Пјуник, Стефан Спировски својата кариера ја продолжува во Етникос Ахна, тим од Кипар. Денеска кипарскиот клуб и официјално го промовираше македонскиот играч за врска кој во последно време не беше дел од селекцијата поради мала минутажа и не играње во тимот од Ерменија, па затоа овој трансфер му беше неопходен.

Инаку Стефан Спировски и порано има играно на Кипар, и тоа во тимот на АЕК Ларнака пред три години, а да потсетиме дека беше дел од златната генерација на Вардар, но не играше во Лигата на Европа зошто во август 2017 година направи трансфер во Ференцварош (Унгарија).

ПретходноТрансфер од Вардар во Битола: Пелистер се пофали со Размоски!
СледноАлександар Мирчески и Михајло Роџевски ќе возат мерцедеси од наградната игра „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ“ на 2win.mk