Она што беше највено, ПСЖ денеска и официјално го промовираше на прес-конференција. Луис Енрике ќе го предводи францускиот првак во следните две сезони.
ПСЖ ниту сезоната која измина не успеа да дојде до посакуваниот пехар во Лигата на шампиони, причина поради која си замина Галтие.
Луис Енрике со своето искуство ќе треба да ја пронајде вистинската формула за исполнување на главната цел во ЛШ.
„Среќен сум што се приклучувам на тимот и што ќе уживам во ново искуство“, рече Енрике. „Толку е возбудливо да запознаваш нови луѓе, да живееш во овој град, да научиш нов јазик и пред се да го водиш ПСЖ“.
Неговиот последен ангажман беше селектор на Шпанија. Тоа беше од летото 2018 година, а заврши со СП пред половина година, кога Шпанија беше елиминирана од Мароко во првата нокаут рунда. Тој е без работа од Мундијалот во Катар до сега.
🎙 Paris Saint-Germain press conference live from the PSG Campus 🔴🔵 https://t.co/BioybuPABI
— Paris Saint-Germain (@PSG_English) July 5, 2023