ФИБА: Митревски меѓу најголемите таленти на Б-ЕП во Скопје

189

На неколку дена пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ што ќе се одржи во нашиот главен град, ФИБА аналитичарите направија листа на кошаркари од кои се очекува да покажат доста на шампионатот.

На списокот на играчи од кои се очекува да блеснат на овој собир во Скопје се осум имиња, а едно од ние е и она на македонскиот репрезентативец и член на Феникс 2010, Андреј Митревски.

Извесно е дека Митревски е еден од најталентираните кошаркари во земјава и од пред три години член на сениорскиот национален тим.

Со оглед на тоа што првенството во Скопје ќе биде петто за него во младинска конкуренција, многу се очекува од Митревски како во поглед на македонската репрезентација, така и воопшто, на турнирот.

„Митревски е комбо-бек кој поседува повеќе офанзивни способности и со тоа можност да придонесува за својот тим на повеќе начини. Комотно се снаоѓа во ‘циркулација’ на топката и врши добра работа во однос на ‘читање на играта’, лесно пронаоѓајќи слободни играчи“, се вели во анализата на ФИБА.

Со оглед на тоа што во септември ќе наполни 20 години, за Митревски ова ќе биде последно младинско првенство.

Овој евро-шампионат се игра од 7 до 16 јули, а Македонија е во групата „А“, заедно со репрезентациите на Чешка, Словачка, Бугарија и Ирска.

ПретходноПознати можните противници на Струмица Никоб во 1. коло од ЦЕВ Лигата на шампионите
СледноМбапе може да го стави ПСЖ пред тотален финансиски крах!