Она што Спортмедиа го најави пред десетина дена денеска на Чаир доби и официјализација. Суад Сахити е нов играч на тимот на Шкупи, откако и официјално некогашниот играч на Работнички се враќа во ПМФЛ шампионатот.
Откако промени неколку клубови ширум Европа, Сахити се враќа во Македонија, и ќе настапува следната сезона на Чаир.
Таму се прави сериозна реконструкција на екипата која го достигна својот маскимум, ланската сезона потврфли и не ја одбрани титулата, па нормално е да има озвежување и доведување на нови играчи.
Сахити може слободно да се каже дека засега е звезда на преодниот рок како за Шкупи така и за целокупниот ПМФЛ трансфер пазар летово.