Голем шок за репрезентацијата на Грција пред стартот на Мундибаскетот летово, кој ќе се одржи во три држави, Филипини, Јапонија односно Индонезија.
Имено, најдобриот грчки кошаркар Јанис Адетокумбо, најверојатно ќе го пропушти овој турнир поради мини оперативен зафат обавен врз едно до неговите колена.
Оваа информација ја пренесоа грчките медиуми денеска, а јавноста е потресена.
Иако има уште 50 дена до стартот на Мундијалот, сепак, настапот на Јанис е со огромен знак прашалник.