Јуниорките утре во Миовени почнуваат на ЕП против Црна Гора

60

Женската младинска ракометна репрезентација на Македонија утре во Романија го почнува настапот на Европското првенство.

По низа години настапи на понизок ранг, Македонија благодарение на резултатите остварени минатото лето во ЕХФ шампионатите, сега ќе има претставници во сите три елитни младински првенства.

Јуниорките до 19 години предводени од селекторката Дамчевска во романскиот град Миовени утре на премиерата во групната фаза се среќаваат со селекцијата на Црна Гора (18:45), а потоа ги очекуваат и дуелите со Данска и Чешка.

ПретходноКомити: Целта е да се соберат половина милион евра
СледноМејсон Маунт е новата седумка на Манчестер Јунајтед