Англија со 3:0 го победи Израел во полуфиналето на ЕП за играчи до 21 година и со тоа стана првиот финалист. Израелците едноставно немаа никакви шанси протов разиграните млади англиски репрезентативци кои уште во 17.минута можеа да поведат, но Гибс-Вајт не успеа да реализира пенал. Истиот играч во 42.минута се поправи и донесе водство од 1:0.
Во вториот дел Англија доминираше на стадионот во Батуми, и со головите на Палмер во 62.минута и Арчер во 90.минута стави точка на ова полуфинале.
Англија во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Шпанија и Украина кое игра вечерва од 21 часот.