Кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ, нема да се пресели во Њујорк Никс ова лето, иако беше многу блиску до оваа опција.
Инсајдерот Алан Хан, потврди дека Њујорк Никс се откажале од Пол Џорџ и дека е за нив тој е премногу скап.
Пол Џорџ е под договор до 2024 година со опција автоматски да го продолжи за уште една година или да стане неограничен слободен играч, а Никс не сакаа да преговараат за нов договор со него по 2024 година.
„Њујорк имаше шанса да потпише договор со Пол Џорџ, но тие рекоа дека е премногу скапо за нив и дека не го сакаат, па се повлекоа. Клиперс кажаа која е неговата цена, а Пол Џорџ побара продолжување на договорот, што Никс не сакаа да го направат“, објавил Хан.
Никс беа во игра и за Донован Мичел, но тој заврши во Кливленд Кавалирс.