ОФИЦИЈАЛНО: Фирмино потпиша за Ал Ахли кај Алиоски

288

Ал Ахли доцна синоќа го објави трансферот на Роберто Фирмино. Бразилецот кој летово си замина од Ливерпул, е уште еден во низата играчи од големите европски клубови кои кариерата ја продолжува на Блискиот Исток.

31-годишниот Бразилец потпишал договор со Ал Ахли до 2026 година.

Во тимот од Џеда, Фирмино доаѓа како второ големо летно засилување по голманот на Челзи, Едуард Менди кој беше купен за 16 милиони фунти.

Со оглед на тоа што летово и нашиот Алиоски се врати во Ал Ахли по завршувањето на позајмицата во Фенербахче, тој сега за соиграч ќе го има бразилскиот ас.

ПретходноЧудно: УЕФА му “украде“ на Меси еден трофеј во Лигата на Шампионите!
СледноПрвиот човек на бразилскиот фудбал потврди: Анчелоти го презема Бразил по Копа Америка 2024