Пораз и од Данска: Јуниорките ќе се борат за пласман од 9-19 место во Софија

77

Македонските јуниорки без победа го затворија првиот дел од првеството во Софија, Данска славеше со 73:40 благодарение на подобрата игра во второто полувреме.

Нашите кошаркарки добро почнаа, поведоа со 13-11, но по истекот на првата четвртина противникот дојде на 13-14.

До пред одморот Македонија добро им парираше на Данска, која пред одморот со серија од пет поени по првото полувреме поведе со (31:24). Слабата реализација во нападот по три одиграни четвртини донесе негатива од 33:47.

Ана Милованова имаше свои добри моменти во првото полувреме во кое реализираше десет од своите 11. поени. Во второто полувреме поентерски добро одигра и Милица Николиќ, која со 14. реализации беше нашиот прв поентер на оваа средба

По овој пораз нашата селекција ќе бори за пласман од 9. до 18. позиција на табелата.

ПретходноШампионот поразен на “генералката“ пред деби настапот во квалификациите во ЛШ!
СледноДинамо Букурешт го откупи договорот на Цупара