Првиот човек на ПСЖ: Нема да дозволиме Мбапе да си оди без пари!

236

ПСЖ денеска на официјална прес-конференција го претстави Луис Енрике како нов тренер. Раководството на клубот и новиот стратег потпишаа соработка на две години.

Присуството на првиот човек на францускиот првак го искористија новинарите за разрешување на сите дилеми околу Килијан Мбапе. Тој и следната сезона ќе остане во ПСЖ, но нема да ја искористи можноста да го продолжи договорот. Ова би значело дека следното лето ќе може да замине во друг клуб како слободен играч, нешто што Насер ал Келаифи нема да го дозволи.

„Не сакаме тој да замине без пари во 2024 година. Нашиот став е јасен. Ако Килијан сака да остане, тоа го сакаме и ние. Но, за тоа мора да потпише нов договор. Не смееме да си дозволиме да го загубиме најдобриот играч на светот за без пари, тоа е невозможно Ова е француски клуб и како што самиот кажа, не планира да си замине без пари. Ако некој се предомислил, не сум јас виновен. Нема да дозволиме еден од најдобрите фудбалери во светот да си замине без пари, тоа е многу јасно“, прокоментира Ал-Келаифи.

ПретходноДанската телевизија го наместила Начевски, „Кинезот“ е најмен глумец (ВИДЕО)
СледноШампионот поразен на “генералката“ пред деби настапот во квалификациите во ЛШ!