УЕФА ја одби жалбата: Осасуна ќе бара правда пред Судот во Лозана

89

Шпанска Осасуна ќе ја оспори одлуката на УЕФА за суспензија од европските купови оваа сезона, пред Судот за спортска арбитража, објавија од клубот.

Осасуна на крајот од минатата сезона избори право на настап во Конференциската лига, меѓутоа во јуни Дисциплинската комисија на УЕФА покрена истрага против клубот за учество во наместени натпревари во сезоната 2013/14 и одлучи да не му дозволи на тимот од Памплона да настапи во европските натпреварувања.

Осасуна поднесе жалба до Апелацискиот комитет на УЕФА, но во вторникот одлуката беше потврдена. Осасуна ја смета оваа пресуда како сериозно кршење на нивните права и ќе поднесе жалба против неа до Судот за спортска арбитража во Лозана.

„Нашиот клуб на никаков начин не ги дели критериумите на УЕФА и тековната истрага за случајот и жали за погрешната порака што организацијата ја испраќа до целиот свет на фудбалот казнувајќи ги оние кои ја осудуваат и гонат корупцијата. Осасуна ќе продолжи да ги користи сите правни алатки со кои располага“, се вели во информацијата објавена од клубот.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Барселона потпиша со Ињиго Мартинез
СледноПОТВРДЕНО: Галтие си замина од клупата на ПСЖ