Шампионот поразен на “генералката“ пред деби настапот во квалификациите во ЛШ!

1147

Струга ТЛ – Тирана 1:2 е епилогот од денешната пријателска средба во Охрид. Ова беше своевидна “генералка“ за нашиот шампион пред евро – настапот во квалификациите во Лигата на Шампионите во вторник, на гости кај Жалгирис во Виљнус.

Гостите од Албанија поведоа со 0:1 во 37.минута, но по две минути стружани израмнија со голот на Буњамин Шабани.

Победничкиот гол беше постигнат во 69.минута.

Сепак треба да се каже дека и покрај поразот нашиот избраниците на стратегот Шпетим Дуро покажаа дека се во добра форма, креираа повеќе шанси за гол, во најмала рака овој меч требаше да за заврши без победник, но така е тоа во фудбалот, кога не ги користиш своите шанси, следува казна.

Се разбира дека на 11 јули (вторник), очекуваме уште подобар настап на Струга ТЛ во Виљнус, во првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и добар резултат.

Реваншот се игра во Охрид, на 19 јули.

ПретходноПрвиот човек на ПСЖ: Нема да дозволиме Мбапе да си оди без пари!
СледноПораз и од Данска: Јуниорките ќе се борат за пласман од 9-19 место во Софија