Ди Марцио: Перишиќ раскинува со Тотенхем и ќе се врати во Хајдук

323

34-годишниот хрватски фудбалски репрезентативец Иван Перишиќ е блиску до враќање во Хајдук, информираше италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.

„Хрватскиот репрезентативец е решен да се врати во Сплит со своето семејство“, тврди Ди Марцио.

Италијанскиот стручњак за трансфери наведува дека Перишиќ наскоро ќе го раскине договорот со Тотенхем и потоа ќе потпише за Хајдук. Тој има уште една година од договорот со Тотенхем. Минатата сезона 34-годишниот играч кој игра на позицијата лево крило одигра 44 натпревари за лондонскиот клуб и имаше 12 асистенции и еден гол.

ПретходноМладите одбојкари со втор пораз на Балканското првенство
СледноПСЖ со нов ултиматум за Мбапе: 31 јули краен рок да потпише нов договор или ќе биде продаден!