Македонскиот второлигаш Беса денеска објави уште едно ново засилување за следната сезона. Нов голман на Беса во новата сезона ќе биде искусниот Дарко Тофилоски.
37-годишниот Тофилоски беше дел од екипите на Победа, Тиквеш, Трепча 89, ФК Дрита, Алашкерт, Дунајска Стреда, Ружемберок, Кошице и Шафхаузен, пред да се врати на домашната сцена и летово да го облече дресот на Беса.