Качевски “главен“ на дуелот Вадуц – Неман во квалификациите во ЛК!

256

Ќе има македонска арбитража во првото коло во квалификациите во Лигата на Конференции и тоа во Лихтенштајн, во Вадуц, каде истоимениот клуб во првиот меч го дочекува составот на Неман од Белорусија.

Главен судија ќе биде, еден од нашите најдобри арбитри, Јован Качевски а негови помошници се Даниел Василевски и Бранко Путилин, додека четврти судија е Марјан Дејаноски.

Да кажеме дека натпреварот во Вадуц ќе се игра на 13 јули (четтврток) а почетокот е закажан за 20 часот.

Секако дека очекуваме добра арбитража на нашата судиска четворка.

ПретходноФ1 го објави календарот за 2024 – вкупно 24 трки од кои три се саботни
СледноMaскотата за ЕУРО 2024 си доби име