Англичанец ќе и суди на Струга ТЛ на реваншот во Охрид против Жалгирис!

199
Referee Darren England during the Sky Bet Championship match at the Stadium of Light, Sunderland.

Младиот Дарен Ингланд (37) е одреден за главен судија на реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Струга ТЛ и Жалгирис. Меч кој се игра на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид на 18 јули со почеток од 17 часот.

Станува збор за иако млад, за премиерлигашки судија, кој минатата сезона судел на повеќе мечеви во ПЛ, но и како ВАР судија. Инаку тој своето деби на евро сцената го има лани ова време кога и станал ФИФА судија.

Негови помошници на дуелот Струга ТЛ – Жалгирис, исто така од Англија, ќе бидат Ли Бетс, Даниел Робатан, Мајкл Салисбери.

Да потсетиме дека на првиот дуел од овој двомеч, кој се игра во вторник во Виљнус, главен судија ќе биде Елчин Масијев од Азербејџан.

ПретходноЃоковиќ за следниот противник на Вимблдон: Опасен е, ми зема два Гренд слемa
СледноПромоција: Милан Шкрињар во ПСЖ до 2028! (ФОТО)