Арсенал „завери“ уште еден свој играч

148

Крилниот напаѓач Рис Нелсон потпиша нов договор со Арсенал, соопштија од клубот. Претходниот договор на 23.годишниот крилен напаѓач беше до крајот на јуни, и тој летово ќе имаше стасус на слободен играч. Двете страни преговараа со месеци, при што тој постојано ги одбиваше понудите од раководството на лондончани за постигнување на актуелниот договор.

Рис Нелсон е младински играч на Арсенал и е дел од академијата на тимот од 8-годишна возраст. Тој забележа само 18 настапи во сите натпреварувања минатата сезона, но имаше неколку клучни настапи кон крајот на сезоната, постигнувајќи два гола и две асистенции.

 

 

ПретходноПолуфинале за Ѓорческа во двојки на фјучрсот во Летонија
СледноПелистер на мегдан против Монпелје во Добој!