Искусниот швајцарски интернационалец Гранит Џака ќе го напушти Арсенал летово и ќе се пресели во Баер Леверкузен. Тој веќе е во Германија на лекарски прегледи и во следните 24 часа веќе ќе биде претставен како ново засилување.
Џака мина години во дресот на Арсенал, стана и капитен на оваа екипа, и остави сериозен белег. Сепак, време е за разделба, а 30. годишниот играч лесно пронајде нова средина каде што ќе ја финишира својата богата кариера.