Денеска започнува ракометното ЕП за младинки, првенство во кое ќе учествува и Македонија. Нашите ракометарки, предводени од селекторот Јулијана Дамчевска, денеска за прв ривал во групата ја има селекцијата на Црна Гора, меч кој започнува во 18:45 часот.
Нашите млади ракометарки се во групата – Д, каде што покрај Црна Гора со која се среќаваме на стартот од овој евро шампионат за ракометарки до 19 години, се и селекциите на Данска и Чешка.
Пласман во следната фаза ќе обезбедат само двете првопласирани екипи од групата.
Покрај денешниот меч со Црна Гора, Македонија утре се среќава со Данска (16:30 часот) а во недела го играме последниот меч во групата и тоа против Чешка (14:15 часот)
Секако дека им посакуваме на нашите млади ракометарки добар настап и што поголем успех на ова ЕП.