Првиот противник на македонскиот фудбалски шампион Струга ТЛ во Лигата на шампионите, литвански Жалгирис, имаше одличен тест на формата во пресрет на мечот во вторник во Вилнус. Во рамките на 21. коло од литванската фудбалска елита, Жалгирис денеска пред своите гледачи со убедливи 3:0 славеше над екипата на Ритераи, која се наоѓа на самото дно на табелата.
Головите за противникот на стружани ги постигнаа Австриецот Вучур, Нигериецот Кехинде и Вербицкас. Струга ТЛ првиот меч со Жалгирис во првото елиминациско коло од Лигата на шампионите ќе го одигра на гости во вторник (18 часот).