Познато е дека фановите на Вардар, Комитите, од пред извесно време се оние кои раководат со нашиот најтрофеен клуб. Со цел клубот колку толку да закрепне до агонијата во која е влезен веќе неколку години, Комитете организираа акција – Купи членска карта за Вардар до 1.000 денари.
Со таа карта се добива и сезонски билет за сите мечеви на Вардар во наредната сезона.
Целта е да се соберат 450.000 евра.
Па така утрово, откако акцијата започна, како што информираат Комити, тие за 24 часа собрале 500.000 денари.
Тие во соопштението истакнуваат дека се задоволни од стартот на акцијата, но и дека во наредниот период истата продолжува со несмален интензитет.