Луис Кастро е нов тренер на екипата на Ал Наср, и во иднина ќе соработува со еден од најсобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо.
Досегашниот тренер на бразилскиот тим Ботафого ќе застане на чело на тимот кој планира следната сезона да ја освои титулата во шампионатот на Саудиска Арабија. По неуспехот во изминатата сезона, водечките луѓе на клубот, се решија за тренерска промена, а одлуката паѓа на Кастро.
Португалецот ги има водено уште и екипите на Порто, Рие Аве, Виториа Гимараеш, Шахтјор Доњецк, Ал Духаил….