Тимот на ПСЖ денеска и официјално го претстави Марко Асенсио за свој нов член. Досегашниот играч на Реал Мадрид има нов клуб, откако мина сериозно голем период од неговата досегашна кариера на Сантијаго Бернабе. Сепак, промените таму го зафатија и него, време беше за нови предизвици, па токму затоа Асенсио е дел од новитетите во Париз.
Шпанскиот репрезентативец се согласи на тригодишен договор со кој што ќе остане во ПСЖ до 2026 година.