Маунт го доби „култниот“ број 7 на легендите Бест, Робсон, Бекам, Роналдо, Кантона…

134

Мејсон Маунт, англискиот репрезентативец го комплетираше трансферот од Челзи во Манчестер Јунајтед. Менаџерот Ерик тен Хаг му ја даде на Англичанецот „седумката“ (во Челзи го носеше бројот 19) и со тоа му покажа колку е важен во тимот.
А Маунт ќе треба да ја оправда довербата но ќе треба да се носи и со тежината на култниот број 7 во Јунајтед кои ја носеа бројни легенди.

Тоа е бројот на легендите Џорџ Бест, Денис Лоу, Стив Копел, Брајан Робсон, Пол Инс, Ерик Кантона – големите играчи на Јунајтед од минатиот век.

Во 21. век таа се менуваше почесто, а освен Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо никој друг не беше ни приближно успешен како нив.
„Седумката“ на Олд Трафорд ја носеа уште Мајкл Овен, Антонио Валенсија, Анхел ди Марија, Мемфис Депај, Алексис Санчез, Единсон Кавани. Од ноември 2022 година бројката немаше сопственик.

Првично истата ја сакаше младиот аргентински фудбалер Гарначо. Меѓутоа стручниот штаб не сакаше да му става преголем притисок.

ПретходноЗеко Рамадан пристигна во Медина, пречекан од раководството на Оход! (ФОТО)
СледноРеал Мадрид веќе има кандидат за наследник на Анчелоти!