Пелистер на мегдан против Монпелје во Добој!

179

Пелистер во новата сезона ќе биде единствениот македонски претставник во Лигата на шампионите. Актуелниот првак извести дека ќе биде дел од традиционалниот ТВ турнир на шампионите во Добој (Босна и Херцеговина), кој е закажан за периодот од 14 до 18 август.

Пелистер ќе биде еден од осумте учесници на турнирот со 53 години традиција. Битолчани ќе играат во групата А, заедно со Слога Добој, Монпелје и Ал-Ахли.

А група:
Еурофарм Пелистер (Македонија), Слога Добој (БиХ), Монпелје (Франција), Ал-Ахли (Египет)
Б група:
Барселона (Шпанија), Загреб (Хрватска), Целје Пивоварна Лашко (Словенија), Војводина (Србија)

ПретходноАрсенал „завери“ уште еден свој играч
СледноЧави: Треба повеќе да се засилиме, но ситуацијата е комплицирана