Она што се најавуваше со денови и недели, од денеска е и официјално. Сега веќе екс дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар е нов член на ПСЖ. Тој денеска е официјално претставен на јавноста.
Инаку Словакот и ПСЖ потпишаа договор кој ќе важи до 2028 година, значи станува збор за петгогидишен договор.
Нема што, “светците“ од Париз по налог на новиот стратег Луис Енрике, кој вчера беше промовиран, одат на реконструкција на тимот.
ПСЖ не крие дека следната сезона покрај “задолжителната“ титула во Лига 1, има намера да го нападне и пехарот во Лигата на Шампионите.