Иако самиот тој се нема изјаснето, сепак се знае дека Карло Анчелоти од 1 јули 2024 година е новиот селектор на Бразил. Ова и официјално го потврдија од Фудбалската Конфедерација на Бразил.
Тоа значи дека дон Карло ќе биде стратег на Реал уште само една сезона.
Па така “кралевите“ не седат со скрстени раце, тие веќе го имаат кандидатот или пикот бр.1 за наследник на Италијанецот.
Медиумите блиски до Реал шпекулираат дека тоа е Јулиан Нагелсман, германецот кој пред неколку месеци доби отказ во Баерн Минхен, а и се спомнуваше како можен тренер на ПСЖ, Челзи, Наполи…но ништо од тоа.
Тој засега е без работа…