Во Интер Мајами, новиот клуб на Лео Меси воопшто не се шегуваат. Имено Дејвид Бекам, кој е еден од газдите на клубот од Мајами, сега е во преговори со Еден Азар, кој до пред некоја недела беше член на Реал Мадрид. Репрезентативецот на Белгија, кој во редовите на “кралевите“ ништо не покажа, некогаш важеше за најдобриот фудбалер во Премиерлигата, еден од најдобрите во светот, секако во ТОП-5.
Секако дека Мајами и Флорида, МЛС би бил идеално место за веќе возрасниот Азар, кој би требало да се најде во нападот на Интер Мајами заедно со Лео Меси.
Досега покрај Меси, Бекам успеа да ги донесе Бускетс и Алба, како и на клупата да го доведе Тата Мартино.
Сега на ред е Еден Азар.