Турската тинејџерска фудбалска сензација, Арда Гулер попладнево полета од Истабул за Мадрид каде што се закажани лекарските прегледи, а потоа и потписот односно неговата промоција за нов член на тимот на Реал Мадрид.
Досегашниот член на Фенербахче ги договори условите под кои ќе се пресели во „Кралскиот“ клуб, како дел од реконструкцијата односно подмладувањето на тимот.
Долгите преговори помеѓу двата табора, пред се на релација, Реал Мадрид – татко на Гулер, кој што воедно се води и како менаџер на играчот, конечно вродија со плод и младиот офанзивец се преселува на Сантијаго Бернабе.