Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, призна дека тимот треба да се засили со уште нови имиња и дека се работи токму на овој момент, иако финансиските проблеми на клубот ја комплицираат таа задача. Бускетс, Умтити, Алба летово го напуштија клубот, додека пристигнаа Гундоган и Иниго Мартинез.
„Кога си фудбалер, можеш повеќе да се одмориш, но кога си тренер, на телефон чекаш трансфери и други такви приказни… .Сакам повторно да покажам дека Барса ќе продолжи да освојува титули.Ние сме на добар пат. Треба да ја подобриме нашата тимска игра, да напаѓаме подобро и да бидеме поконкурентни. Имаме незавршена работа во Лигата на шампионите. Се засилуваме со новите имиња и со оние кои допрва ќе пристигнат. Многу губиме со заминувањето на Бускетс и Алба. Тие беа многу влијателни во соблекувалната. Капитените ќе бидат одредени по гласање. Целосна демократија. Во Гундоган имаме сестран играч со одлични технички квалитети. Тој е победник, беше капитен на Сити и го освои последното издание на Лигата на шампионите. Тоа кажува доволно. Тоа многу ќе ни помогне“ – изјави Чави.