Maскотата за ЕУРО 2024 си доби име

163

Светските и европските првенства секогаш биле поврзани со маскоти, голем дел од нив поврзани со животни. Кога Германија го организираше СП 2006 маскотата беше лавoт Голео, а ЕП 2024 година ќе го краси мечето Алберт.

Официјалната маскота за УЕФА ЕУРО 2024 кое ќе се одржи во Германија е именувана како Алберт по гласањето спроведено меѓу корисниците на UEFA.com и учениците од цела Европа, преку програмата на УЕФА Фудбал во училиштата.

Мечето ги следи славните преголеми стапки како Берни, Голијат, Рабит и Кинас, кои сите беа маскоти (животни) на финалните турнири на ЕУРО.
Бернардо, Бернхарт и Херци вон Бер (сите игра на зборови на германскиот збор за мечка) беа исто така избрани како имиња за маскотата, но Алберт победи со 32% од гласовите.

Маскотата првпат им беше претставена на навивачите на Германија пред пријателскиот натпревар на националниот тим против Колумбија на 20 јуни во Арената Ауф Шалке, но го имаше своето деби истото утро во основно училиште на друго место во Гелзенкирхен, истакнувајќи ја амбицијата да се инспирираат децата ширум Европа да се активираат и да ја поттикнат љубовта кон фудбалот и неговите вредности.

ПретходноКачевски “главен“ на дуелот Вадуц – Неман во квалификациите во ЛК!
СледноАтлетико со три засилувања: Kапитенот на Челзи, турски бек и Мурињо