Легендарниот Швајцарец Стен Вавринка (38) го победи аргентинскиот тенисер Томаш Мартин Ечевери во второто коло на Вимблдон и сега го чека Новак Ѓоковиќ, кој сака да го освои 24. Грен слем во Лондон.
Швајцарецот, кој има три Грен слем титули (Австралија Опен 2014, Ролан Гарос 2015 и УС Опен 2016), но нема Вимблдон, испиша историја со пласманот во третото коло на турнирот. Тој стигна до третото коло на точно 38 години и 100 дена, што го прави третиот играч кој во последните 45 години што стигнал до таа фаза на возраст од 38 години. Пред него успеаја само Џими Конорс (1991) и Роџер Федерер (2021).
Исто така, Вавринка по 27. пат ќе игра против Ѓоковиќ, со што српскиот тенисер ќе стане противник со кој Швајцарецот се соочил најмногу пати во кариерата.
“Don’t tell me the score” 😅@stanwawrinka is happy and excited by the challenge to face Novak Djokovic on grass for the first time 🌱#Wimbledon pic.twitter.com/V3NZeCYRpD
— Wimbledon (@Wimbledon) July 6, 2023