Василев: Ќе се обидеме да се вмешаме во битката за медалите!

166

Македонската кошаркарска федерација е домаќин на уште еден Европски шампионат. По втор пат од 2009 година, уште еднаш ќе ги нагостиме 19. европски репрезентации, кои од 7 до 16. јули ќе се борат за места кои водат во елитната „А“ Дивизија.

А освен што сакаме да бидеме добри домаќини и овојпат сакаме да имаме и добар резултат на првенството, кој се граничи со место во првата „тројка“

Нашите младинци се дел од групата „А“ во која за противници ги имаат селекциите на Словачка, Бугарија, Чешка и Ирска…

Со оглед на тоа што се работи за кошаркари на возраст од 20 години кои се веќе „готови“ играчи, јасно е дека конкуренцијата ќе биде голема и тешка иако е првенство од „Б“ дивизијата.

Пласман во елитата обезбедуваат првопласираните три на шампионатот што ќе биде предизвик за македонската репрезентација, но селекторот Никола Василев не сака да избрзува со прогнозите и проекциите:

Атмосферата во тимот е одлична, последните денови се работи на хемијата меѓу играчите на теренот, веќе неколку денови се наоѓаме во ‘карантин’ каде ќе го дочекаме стартот на првенството. Можеби можевме и требаше да одиграме уште некој пријателски натпревар во рамките на подготовките, но тоа е. Имавме три подготвителни дуели на кои видовме до каде сме и кои се нашите недостатоци, се соочивме и со повреди на неколку кошаркари, не бевме постојано комплетни, но најважно е што во моментов сите се здрави и подготвени за настап“.

Василов верува во подготвеноста на играчите кои ги одбра за ова првенство, и од нив ќе бара силна одбрана во текот на сите 40.минути.

Од она што остана како впечаток досега, мора да играме силна одбрана во текот на сите 40 минути за да бидеме конкурентни на првенството и да ја оствариме целта. Сепак, сметам дека подготвени за она што нè очекува“– вели Василев.

Извесно е дека примарна цел е да се “помине“ првата фаза од шампионатот, односно да се обезбеди место во четвртфиналето.

Би сакал да одиме чекор по чекор, во моментов најважно е да ја поминеме групата, па потоа можеме да размислуваме за се, за сите опции. Како конкуренти за највисок пласман ги гледам Чешка, Финска и Шведска, но и ние ќе се обидеме да се вмешаме во борбата за медалите“ – додава селекторот пред почетокот на шампионатот во нашиот главен град.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Словачка, Бугарија, Чешка, Ирска, МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Б: Луксембург, Велика Британија, Португалија, Унгарија, Австрија

ГРУПА Ц: Косово, Шведска Украина, Грузија, Азербејџан

ГРУПА Д: Албанија, Финска, Летонија, Холандија, Швајцарија

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ГРУПА А

7. ЈУЛИ (ПЕТОК)

13.30: Бугарија – Ирска

18.30: МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА

Словачка – слободна

8. ЈУЛИ (САБОТА)

18.30: Словачка – МАКЕДОНИЈА

21.00: Чешка – Бугарија

Ирска – слободна

9. ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

16.00: Бугарија – Словачка

18.30: Ирска – Чешка

МАКЕДОНИЈА – слободна

10. ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

СЛОБОДЕН ДЕН

 

11.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

18.30: МАКЕДОНИЈА – Бугарија

21.00: Словачка – Ирска

Чешка – слободна

12. ЈУЛИ (СРЕДА)

16.00: Чешка – Словачка

18.30: Ирска – МАКЕДОНИЈА

Бугарија – слободна

МАКЕДОНИЈА НА ЕП ВО СКОПЈЕ

1.Марин Петков    бек     192см.          Феникс 2010-Скопје

3.Андреј Шошкиќ бек     187см.          Работнички-Скопје

6.Тома Стојановски         крило            198см.          Гостивар

7.Резарт Мемед    бек-шутер   192см.          Сигал Приштина (Косово)

8.Петар Бошалески          бек-шутер   192см.          Работнички-Скопје

9.Никола Бојчев    крило            192см.          Еуро Никел 2005-Кавадарци

10.Филип Наков    бек     194см.          Водно Санс – Скопје        

11.Андреј Митревски     190см.          Феникс 2010 – Скопје

12.Амар Хот            силно крило           199см.          Феникс 2010 – Скопје

13. Виктор Стојковски    центар          202см.          МЗТ Скопје Аеродром-Скопје

15.Теодор Симиќ центар          215см.          Игокеа (БиХ)

17.Никола Василевски   бек     192см.          Навико Академија ФМП-Скопје

СТРУЧЕН ШТАБ

Селектор: Никола Василев

Асистент-тренер: Нино Чачиќ

Асистент-тренер: Миодраг Тодоровиќ

Кондициски тренер: Тони Богдановски

Доктор: Веселинка Лалчевска

Физиотерапевт: Бранка Ступар

ПретходноКомити: За 24 часа собрани се 500.000 денари, за Вардар!
СледноЗеко Рамадан пристигна во Медина, пречекан од раководството на Оход! (ФОТО)