Пријателска во Ѓорче: Шкупи убедлив против “лавовите“!

1169

Попладнево на стадионот во Ѓорче се одигра пријателска средба меѓу Македонија ЃП и Шкупи, и двете екипи кои ќе ја претставуваат нашата земја во квалификациите во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Триумфираше Шкупи и тоа доста убедливо со 0:3. Стрелци на головите беа Трапановски и Цефас во првиот дел, додека Цефас постигнал уште еден гол во вториотдел. Ова покажува дека чаирчани, кои во овој летен преоден рок осетно се засилија, својот двомеч со Хегелман од Литванија го дочекува во добра форма. Инаку “лавовите“ се среќаваат на 13 и 20 јули, против РФС од Литванија.

ПретходноЕП „ПОД 18“-ЖЕНИ – ДИВИЗИЈА „Б“: Прва победа за јуниорките во Софија!
СледноЈуниорките со пораз тргнаа на ЕП