Сензација на Вимблдон: 142. тенисер во светот го елиминираше Каспер Руд (ВИДЕО)

124

Британецот Лиам Броди, 142. тенисер во светот, ја направи најголемата сензација на овогодинешниот Вимблдон откако го совлада четвртиот играч во светот, Каспер Руд со 3-2 со 6:4, 3:6, 4:6, 6:3, 6:0.

Британскиот тенисер го доби првиот сет по пресврт. Загуби со 1:3, а потоа врза два брејка. Норвежанецот Руд, за кого тревата е најслаба подлога, беше сигурен на својот сервис во вториот и третиот сет за водство од 2:1 во сетови.

Сепак, на стартот од четвртиот сет, Броди стигна до брејк, со голема поддршка од трибините успеа да ја сочува предноста. Во решавачкиот сет Руд се распадна, освои само 14 од 46-те одиграни поени и не освои гем.

Противник на Броди во третото коло ќе биде Денис Шаповалов.

ПретходноГрасрут посета на претставниците на УЕФА
СледноЕП „ПОД 18“-ЖЕНИ – ДИВИЗИЈА „Б“: Прва победа за јуниорките во Софија!