Ѓоковиќ за следниот противник на Вимблдон: Опасен е, ми зема два Гренд слемa

1816

Новак Ѓоковиќ се пласира во третото коло на Вимблдон откако со 3:0 го совлада Џордан Томсон од Австралија.  Ноле ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Томас Мартин Ечевери и Стен Вавринка, меч кој се игра денеска од 12 часот. По мечот српскиот тенисер зборуваше за Вавринка како да ќе пројде во следното коло.
„Тој ме победи на два Гренд слема. Го сакам Стен, одлична личност, инспиративен е. Има речиси 40 години и игра јако. Уште создава тениска историја. Има олимписко злато, освои три ГС, Дејвис куп… Има убав бекхенд, силен е. Долго немаме играно меѓу себе. Тоа ќе биде дуел на ветерани“, рече Ѓоковиќ.

ПретходноАтлетико со три засилувања: Kапитенот на Челзи, турски бек и Мурињо
СледноАнгличанец ќе и суди на Струга ТЛ на реваншот во Охрид против Жалгирис!