Јуниорките со пораз тргнаа на ЕП

247

Македонската женска ракометна репрезентација до 19 со пораз стартуваше на Европското првенство. Избраничките на Јулијана Црвенкоска беа совладани од Црна Гора со 31-26.

Нашите јуниорки беа рамноправен противник во првото полувреме. Црна Гора отвори со 3-1, па со 7-4, Македонија со серија од 4-0 дојде до првото водство на мечот 7-8 (11 минута). Водството од еден гол „црвено-жолтите“ го имаа до пред 25 минута кога Црногорките со серија од 3-0 поведоа со 17-15. На одморот негативата изнесуваѓе три гола (19-16).

По одморот сликата се промени, Црна Гора дојде на плус пет, па до крајот без проблем го приведе мечот во своја корист.

Стефаноска и Јанкулоска постигнаа по шест гола, два помалку имаа Дукоска и Коцева.

Македонија утре го играат вториот меч, за противник ја има селекцијата на Данска.

ПретходноПријателска во Ѓорче: Шкупи убедлив против “лавовите“!
СледноЖалгирис со убедливи 3:0 се „загреа“ за првата пресметка со Струга ТЛ (ВИДЕО)