Ќосевски: Струга ТЛ си ја гледа својата шанса, Жалгирис е силен тим, но не и непобедлив!

183

Во вторник во Виљнус, со почеток од 18 часот, нашиот шампион, тимот на Струга Трим Лум ќе го одигра првиот дуел од двомечот со литванскиот Жалгирис во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Се разбира дека многу работи на ова гостување зависат од одбраната, посебно од голманот Ведран Ќосевски кој во минатата сезона во ПМФЛ беше најдобар чувар на мрежата.

Овие европски мечеви се нешто посебно. Јас како голман на Железничар во минатото сум имал можност да играм во Европа. Секако дека се радувам што ете ова лето со мојата Струга ТЛ ќе играм во квалификациите во ЛШ“ вели Ќосевски за “Спортмедиа“.

Тој за тоа какви се шансите на нашиот првак на овој двомеч со Литванците, истакнува…

Несомнено е дека Жалгирис е исклучително квалитетен состав кој мора да се респектира. Сепак ние си ја гледаме нашата шанса, да, нашиот ривал поседува квалитет, но во исто време не е непобедлив. Ние како тим сме во подем, сакаме што подолго европско лето. Мислам дека на првиот меч на гости ќе биде многу важно да обезбедиме добар резултат. Секако дека без разлика на резултатот во Виљнус, патникот во втората рунда ќе се решава во Охрид, пред нашите фанови. Јас сум оптимист, верувам во позитивен исход, но треба да се даде максимумот во текот на сите 180 минути од двата меча“ заврши Ќосевски.

ПретходноЕве како Новак и Иванишевиќ се подготвуваат за следниот меч на Вимблдон… со “Не лути се човече“! (ВИДЕО)
СледноОва е луксузниот камп на ПСЖ вреден 300 милиони евра, има 17 помошни терени! (ВИДЕО)