Екипата на Наполи по децении стангација, конечно минатата сезона ја освоија титулата во Серија А. Тоа предизвика воодушевување не само во Неапол, туку и во речици селиот свет. Фудбалската планета е свртена кон овој историски град, а што се однесува до самиот клуб, тој исто така е во центарот на вниманието.
Па како таков, нормално е да се што е поврзано со Наполи има голема вредност, па и рекламата на дресот, која што ќе се промени за прв пат по 2005 година. Цели дваесетина години произведувачот на вода “Lete“ беше во преден план на дресот на Наполи, а од сега тоа ќе биде компанијата MSC (Mediterranean Shipping Company) која што се бави со поморски транспорт.
Иако сето ова требаше да биде тајна веројатно уште извесно време, италијаните успеаа да ја дознаат информацијата пред клубот официјално да ја сподели со јавноста.










