Сандро Тонали направи трансфер од Милан во Њукасл. Тој неочекувано замина на „Сент Џејмс Парк“ меѓутоа голема „вина“ во тоа има Милан кој реши да го продаде во Англија и да заработи од него. Тонали изјави дека не му било лесно околу одлуката со оглед на тоа дека од дете навива за Милан и сакаше да стане нивна легенда, но од друга страна вели дека ова може да биде добро за негов понатамошен напредок.
„Ова е најтешката одлука што сум ја донел не само во мојата фудбалска кариера, туку и во мојот живот. Милан ме прифати одлично и за тоа ќе му бидам вечно благодарен. Сепак, фудбалот е таков што морав да продолжам понатаму. Го сакам Милан и навистина се надевам дека во иднина еден ден коцките ќе се поклопат и ќе се вратам во клубот и ќе ги видам навивачите насмеани“, изјави Тонали.
„Направив добар потег за кариерата. Имам само позитивни зборови за Њукасл. Сретнав луѓе кои се воодушевени од мене и сакаа да ме донесат по било која цена“, вели италијанскиот играч.










