Пуштени во продажба билетите за реваншот меѓу Струга ТЛ и Жалгирис, по цена од 1.200 денари!

973

Струга Трим Лум од вчера ги пушти во продажба билетите за реваншот од 1.квалификациско коло во ЛШ против Жалгирис. Познато е дека овој меч се игра на стадионот “Билјанини Извори“ на 18 јули со почеток од 17 часот.

Продажбата се врши онлајн преку “мктикетс“, а цената на еден билет чини 1.200 денари. Со секој билет ќе има и гратис маичка со клупски обележја.

Со оглед на тоа дека само на новата трибина на стадионот ќе има гледачи,  така е поради барањата на УЕФА, вкупно во продажба ќе има 1.400 билети.

ПретходноБеласица промовираше две нови засилувања
СледноМладинците против Чешка вечерва го отвораат Б-Европското првенство во Скопје