Талески во Бенфика: Дојдов во голем клуб, слушнав се најдобро од Никола и од Борко

294

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талески е нов член на португалска Бенфика. Тој доаѓа од редовите на Вардар, а исто така играше и за германски Балинген и Рајн Некар Левен.
Голем град, голем клуб. Зборував со моите колеги Никола Митревски и Борко Ристовски и ми кажаа се за клубот. Секоја година се бори за трофеи и јас ќе дадам свој придонес во таа борба. Напорно работам, давам се од себе за да се остварат клупските цели. Знам дека Бенфика има многу фанови и важно е што ќе имаме супер поддршка на сите натпревари“, изјави Талески за клупската веб-страница.

Талески ќе го носи дресот со број 28.

Filip Taleski

ПретходноПСЖ го претрка Челзи за уругвајски репрезентативец
СледноНаполи и Елмас следната сезона со нов спонзор на дресот