Арсенал можна опција за Мбапе?

774

Килијан Мбапе и натаму е во центарот на вниманието. Францускиот репрезентативец доби ултиматум до крајот на овој месец да потпише нов договор или ова лето ќе се најде на трансфер листата на ПСЖ, кој нема намера да го пушти како слободен играч.

Во јавноста засега само едно име се споменуваше како можна дестинација на Мбапе, а тоа е Реал Мадрид.

Британскиот „Индепендент“ излезе со информација дека Арсенал е еден од клубовите кои го сака во својот тим Французинот, но сумата која ПСЖ ја бара за него е преголема. Отштетата изнесува 200 милиони евра, а платата која ја заработува тој ќе биде дополнително оптоварување. Сепак, никогаш не се знае, можеби Арсенал ќе успее да ја донесе француската мега-ѕвезда.

ПретходноФранцуската сензација дебитираше во дресот на Сан Антонио, но не се прослави (ВИДЕО)
СледноРеал Мадрид го „пикираше“ наследникот на Анчелоти?